СООПШТЕНИЕ ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

Драги ученици изборот на средно училиште е голем чекор и важен животен избор. Сакајќи да Ве поттикнеме и да Ви дадеме поддршка во Вашиот избор. Ви ја пренесуваме информацијата во целост. Приклучете се и направете го најдобриот избор за Вас
Проект во рамките на Американскиот совет на тема „Како да избереме кариера“, наменет за 9-то одделенци кој моментално бираат помеѓу стручно или гимназиско средно училиште и средношколци кој што ја прават одлуката за што да учат на факултет, за да можат да ги добијат одговорите од успешните од струката која што ги интересирани. 
Проектот се вика „Седмица на кариери“ бидејќи трае една недела, од 22-ри до 26-ти февруари, каде секој ден се зборува за друга струка и со други експерти. Нашите категории и гости се:
1-ва категорија - лица за јавна безбедност, вработени во државни установи и политичари.
- Виктор Риствески, адвокат. 
- Емилија Серафова, службеник за односи со јавност за градоначалничката на Битола.
2-ра категорија - економија, менаџмент и претприемништво.  
- Едмонд Весели, сопственик на фирмата за градежни материјали и опрема за дом и градина „АГНЕСА“.
3-та категорија - медицина, биологија и хемија. 
- Д-р Флорида Кулевска - биолог, како и професор по примената Биологија во средното училиште „Таки Даскало“ Битола
- Гордана Ристевска, терапевт.
4-та категорија - програмирање и дизајн.
- Стефанија и Андријан Иванов, сопственици на ИВАНОВ Инженеринг
- Александар Количовски, програмер.
5-та категорија - едукатори и уметници. 
- Валентина Богоевска - професорка по англиски јазик, кој е одделенски наставник на првиот двојазичен клас по македонско-англиски јазик во „Таки Даскало“ Битола.
- Софија Рустевска, режисерка која дури има свое училиште за глума „Хотел театар“.
Тимот од Американски Совети, алумните од Кенеди Лугар програмата и јас со чест ги покануваме Вашите ученичи на нашите настани. Во прилог се прикачени постерите за настанот со сите информации на македонски, англиски и албански јазик. Ние ќе нудиме превод на сите три јазичи, доколку е потребно.
Настаните ќе се оджани на Zoom и потребните Meeting ID и Password се на постерот.