Политика на приватност


Согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и слични прописи, www.km.edu.mk e посветена на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа страница.
При посетата на интернет страницата која е предмет на оваа политика на приватност не се прибираат никакви лични податоци!

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за анкети и други прашања и/или мислења за различни прашања кои сакате да ни ги поставите. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Чии податоци собираме:

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна www.km.edu.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на страната.
  • Баратели и други физички лица во врска со поднесување на апликација, и други форми (Анкета, Контакт и слично).
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса.
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел.
  • Вашиот оперативен систем.
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија.
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна.
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната www.km.edu.mk.
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите.
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат:
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања во формите за аплицирање (Анкета, Контакт и слично);

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци:

- во Контакт: име и презиме и email адреса.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање (Анкета, Контакт и слично);

Категориите на корисници на лични податоци:

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната www.km.edu.mk, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица.

Време на чување на собраните податоци:

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно 60 дена или додека самите автоматски не се избришат.

Објавување на лични податоци:

На интернет страницата www.km.edu.mk, може да бидат објавени податоци и фотографии, кои по својата природа се најчесто јавни. Доколку субјектот на личните податоци утврди дека податоците се неточни т.е. сака да бидат корегирани или отстранети од интернет страната, може да побара нивно корегирање, односно бришење согласно со Процедурата за право на пристап, исправка и бришење на личните податоци.

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци при електронско пополнување на формите за аплицирање (Анкета, Контакт и слично),
  • право на пристап до личните податоци,
  • право на исправка и бришење на личните податоци,
  • право на ограничување на обработката на личните податоци,
  • право на приговор.

Ако сметате дека начинот на кој www.km.edu.mk ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на:

телефон: 02/2527-220

Закон за заштита на личните податоци