Врз основа на Одлука од Владата на РСМ донесена на 99 –та седница, а по предлог на МОН со одобрување на Комисијата за заразни болести за учебна 2021/22 год. наставата ќе започне со физичко присуство.
ПЛАН ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА.
Апелираме на доследно почитување на Планот и Протоколот, во насока на квалитетен образовен процес, како и зачувување на јавното здравје.
Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни семејства, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.
Согласно точка 1 од планот за одржување на настава со физичко присуство, доколку има учениците кои припаѓаат на ризична група ученици (ученици со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни лица) и имаат потврда од матичен лекар/педијатар дека поради својата здравствена состојба не треба да посетуваат настава со физичко присуство, наставата ја следат преку учење од далечина. Родителот/старателот до училиштето доставува медицинска документација и потврда од матичен лекар.
Доколку се работи за немедицински причини, со доставување барање од страна на родител/старател, а со дозвола (согласност) од училиштето
Барањата за учење од далечина можете да ги преземете на следниот