Мисија и Визија


МИСИЈА
“Создаваме отворено училиште кое овозможува навремени информации, дава поддршка и нуди трајни знаења. Чекориме напред во остварување на нашата цел - Нема изговори само резултати“.

ВИЗИЈА
Книгата е мудрост, пријател, знаење. Со читање и осознавање да се поттикне креативноста на учениците и да се стимулираат наставниците кои го трасираат патот.

МОТО
„Здрави навики - светла иднина.“
“LESSONS LEARNED”- ВЕЌЕ НАУЧЕНО / СТЕКНАТИ ИСКУСТВА
Училиштето успешно ја организира средината за учење со поставување јасни и високи очекувања во однос на постигањата, редовноста и дисциплината на учениците. Учениците имаат можности (согласно со своите споспобности и интереси) да ги изразат своите кративни потенцијали во наставата и во воннаставните активности. Училиштето дава можност учениците без разлика на пол, социјална и национална припадност, да партиципираат во меѓуетничка интеграција во образованието, ЕКО-проектот, со пoдготовка и реализација на различни работилници во кои се вклучени наставниците,учениците и родителите.Училиштето води политика на позитивно вреднување и промовирање на етничката,културната,верската и јазичната разноликост во училиштето и заедницата.
Навремено се идентификуваат потребите од материјално - технички средства и континуирано се обезбедуваат истите. Постојните нагледни средства и опрема се во функција и оптимално се користат. Училиштето планира и обезбедува средства за нивно континуирано одржување. Континуирано се интервенира и се обезбедуваат средства за подобрување на инфраструктурата на училиштето. Училиштето има воспоставено соработка со локалната самоуправа и заедницата во однос на подобрувањето на инфраструктурата.