Заедно во акција за позелена иднина!

🌳 Во рамки на акцијата „Позелена Гази Баба“, во нашето училиште се реализираше уште една убава еколошка активност.
Заедно со тимот на ЈКП „Гази Баба 2007“, директорката, учениците и вработените во ООУ „Крсте Мисирков“, засадивме 18 нови јавори кои ќе го разубавуваат училишниот двор и ќе придонесуваат за почиста и поздрава животна средина.
🌱 Учениците со радост се вклучија во садењето и имаа можност и самите да придонесат за разубавување на училишниот двор. 💚
💚 Денес засадуваме дрвца, а утре растеме заедно со нив – во почиста, поздрава и позелена околина!🌳

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.