🗳️ Избор на претседател на Ученичкиот парламент
На 23.09.2025 година, во нашето училиште ООУ „Крсте Мисирков“ се одржа конститутивна седница на Ученичкиот парламент, на која присуствуваа претседателите и потпретседателите на сите паралелки од VI до IX одделение, како и членовите на соодветниот тим, заедно со директорката Билјана Трајановска.
На седницата беше избрана претседателка на Ученичкиот парламент – Антонија Петковска од IX-3. Процесот на гласање го надгледуваа училишниот правобранител Теодона Стратрова, ученичка во VIII-2 одделение, и замениците ученици првобранители Марко Стојев од VIII-2 и Ана Стојановска VIII-3.
🌟 Да ѝ посакаме многу успех и успешна работа!
Водич за ученичко учество и организирање 📖
