👩‍🏫 НАСТАВНИЦИ

Воспитно-образовната дејност во училиштето ја остваруваат 47 наставници. Образовната структура на наставниот кадар целосно одговара на законските и програмските барања според наставните предмети.

Во одделенска настава, наставата ја изведуваат 19 одделенски наставници, од кои еден наставник реализира настава во подрачното училиште во една комбинирана паралелка. Во реализацијата на наставата се вклучени и двајца предметни наставници по англиски јазик, а во петто одделение во деветгодишното образование наставата ја изведуваат предметни наставници по природни науки, техничко образование и англиски јазик.

Во предметната настава, сите наставни предмети се застапени согласно Наставниот план и програма и истата се реализира од 25 предметни наставници. Овие наставници ги реализираат сите задолжителни и изборни предмети во училиштето.

Во училиштето функционира и 🏫 дневен престој, во кој се вклучени тројца наставници.

Наставниците континуирано ги следат сите промени во воспитно-образовната работа преку 📘 посета на семинари, обуки и самостојно стручно усовршување, со што постојано го збогатуваат своето професионално знаење и го унапредуваат квалитетот на воспитно-образовната дејност во училиштето.