📌 МИСИЈА
Училиште во кое се развива критичко мислење 🧠, дигитална и медиумска писменост 💻, и се промовира инклузивност 🤝, рамноправност ⚖️ и интеркултурност 🌍, во позитивна и стимулативна средина за учење 📚, каде сите се еднакво вклучени ✨
🌟 ВИЗИЈА
Наш стремеж е да бидеме училиште кое втемелува граѓански вредности 🏛️, негува почит и толеранција 🤍, гради личности со отворен ум и желба за знаење 📖, и ги поттикнува индивидуалните можности и способности кај своите ученици 🌟. Училиште кое овозможува безбедна средина за учење и работа 🛡️ во современи услови, со современи ресурси и индивидуализиран пристап за успешна реализација на воспитно-образовниот процес 🎓.
🎯 МОТО
„Здрави навики – светла иднина.“ 🌱
🧠 “LESSONS LEARNED” – ВЕЌЕ НАУЧЕНО / СТЕКНАТИ ИСКУСТВА
Училиштето успешно ја организира средината за учење со поставување јасни и високи очекувања во однос на постигањата, редовноста и дисциплината на учениците ⚖️
Учениците имаат можности, согласно со своите способности и интереси, да ги изразат своите креативни потенцијали во наставата и во воннаставните активности 🎭
Училиштето дава можност учениците, без разлика на пол, социјална и национална припадност, да партиципираат во меѓуетничка интеграција во образованието и ЕКО-проектот 🌿, преку подготовка и реализација на различни работилници во кои се вклучени наставниците, учениците и родителите 🤝.
Училиштето води политика на позитивно вреднување и промовирање на етничката, културната, верската и јазичната разноликост во училиштето и заедницата 🤗.
Навремено се идентификуваат потребите од материјално-технички средства и континуирано се обезбедуваат истите 🔄. Постојните нагледни средства и опрема 🖥️ се во функција и оптимално се користат ✅.
Училиштето планира и обезбедува средства за нивно континуирано одржување 🔧 и постојано инвестира во подобрување на инфраструктурата 🏗️.
Остварена е соработка 🤝 со локалната самоуправа и заедницата во насока на подобрување на инфраструктурата 🛣️.
