Под мотото „Велосипедот е мојата супермоќ“, со мисли за позелена иднина, во текот на вчерашниот ден беше одбележан Меѓународниот ден без автомобили. Учениците имаа прилика да се вклучат во низа активности со натпреварувачки карактер, а најдобрите во секоја категорија Ви ги пренесуваме во прилог:
1. Еко – селфи на денот – IX–2 одделение
2. Највесел велосипед – Иван Јакимовски (VIII–2)
3. Најубава фотографија – Јасмин Мирчевска (IX-2)
4. Најкреативна песна на тема „Мојот пат без автомобил“
– група I до V одделение – Душко Ристовски (V–2)
– група VI до IX одделение – Моника Манов (VI-1)
5. Шампиони на трката
– I место: Богдан Ангелов (VII-2)
– II место: Лука Голубовски (VII-2)
– III место: Матеј Андоновски (VI-4)
Денот започна со еко – акција во училиштниот двор, а се заокружи со бодрење на соучениците кои земаа учество во спортскиот полигон. Иако активностите беа различни, дејствувавме со една идеја – малите промени прават големи разлики. Учениците преку спорт, пишан збор и креација успешно успеаjа да испратат порака дека одбираат навики кои водат кон здрава животна средина!