Вештачката интелигенција во образованието

obuka 03 04 2023 1 836

Вештачката интелигенција во образованието

Активности на наставниците при следење на обука: Вештачката интелигенција во образованието.
Како дел од својот професионален развој, дел од наставниците од ООУ „Крсте Мисирков“формираа заедница за учење и заедно ја следат обуката организирана од European Schoolnet Academy: AI in education. При следењето на оваа обука, наставниците работат индивидуално но и тимски, дискутираат за темата на обуката, заеднички ги анализираат содржините, ги разгледуваат апликациите и дискутираат на кој начин може да ја користат вештачката интелигенција во образованието. Голем број на идеи за примена, но и дискусија за етичките прашања поврзани со користењето на вештачката интелигенција во образованието.

logo km