На ден 16.05.2023 година Федерација на училишен спорт Македонија преку Општински сојуз на училишен спорт на Куманово организираше масовно Атлетско натпреварување каде учествуваа 12 градови со 21 средно училиште и 32 основни училишта. Вкупно средни училишта 350 ученици и 450 ученици од основни училишта.
Натпреварите поминаа во најдобар ред по сите Атлетски норми на Атлетска Федерација.
Од нашето училиште учество зедоа 6 ученика од кои:
Марко Атансовски – II место (дисциплина фрлање ѓуле)
Виктор Чакаровски – VI место (дисциплина 800м)
Дарко Стојанов, Филип Јорданов, Даниел Павлевски, Никола Трајковски V место (дисциплина штафетни трчања 4х100м)

atletika 19 05 2023 2 573