Наставникот по информатика Маја Виденовиќ, беше гостин во емисијата „Наш подиум“ на МРТ каде што дискутираше за важноста на дигиталната писменост и едукацијата за сајбер безбедност. Таа ги истакна придобивките од интегрирањето на дигиталните технологии во образованието за креирање на интерактивни средини за учење кои ќе ги поттикнат интересот и мотивацијата на учениците за наставниот процес.
Дополнително се осврна на користењето на Scratch и Micro:bit за развивање на критичкото размислување и вештините за решавање проблеми кај учениците. Значаен дел од дискусијата беше посветен на различните пристапи за продлабочување на вештините на учениците од областа на сајбер безбедноста, кои се од клучно значење за безбедно и ефективно користење на дигиталниот простор.