На Општинскиот натпревар по хемија одржан на 23.02.2024 година (петок), во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, под менторство на Сашка Крстевски учествуваа ученици од VIII и IX одделение од ООУ Крсте Мисирков.
Учениците од IX одд., Мила Петковска освои втора награда, а Бисера Дрндар трета награда и обезбедија пласман за Регионален натпревар. Ања Симоновска и Хамза Аласад освоија трета награда, а Матеа Санева – сертификат за учество.
Учениците од VIII одделение, Теона Чаковска и Марија Димовска трета награда, Нина Ѓеорѓиевска – пофалница и се здобија со право за учество на Регионален натпревар. Ученичката Ангела Михајловска – пофалница, а Ема Богдановска – сертификат.
Успешна работа и одлични резултати во понатамошното натпреварување на нашите ученици.