Учиме таму каде што науката се случува – посета на Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ
Денес, учениците од V одделение, во придружба на наставничките Сашка Крстевски и Анета Топалова, реализираа едукативна посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Учениците имаа можност непосредно да се запознаат со светот на сеизмологијата – да дознаат како и зошто настануваат земјотресите, како се регистрираат сеизмичките бранови и на кој начин научниците ја следат и анализираат сеизмичката активност.
Посебно внимание предизвикаа инструментите и опремата за регистрирање на земјотреси, како и приказната за катастрофалниот Скопски земјотрес од 1963 година.
Учениците со голем интерес ги следеа објаснувањата, поставуваа прашања и ги поврзуваа новите сознанија со содржините што ги изучуваат по Природни науки.
🔬 Ваквите посети ја носат науката надвор од страниците на учебникот и им овозможуваат на учениците да видат, да прашаат, да истражуваат и да учат преку непосредно искуство.
Благодарност до Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ за гостопримството, стручната презентација и можноста нашите ученици да ѕирнат во вистинскиот свет на науката.
Затоа што науката најдобро се учи кога ќе ја доживееме. 🌍📚🔬


















Поврзани содржини