Голем успех за нашето училиште!

🏆 На 13.11.2026 година, на натпреварувањето во детска атлетика, организирано од Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба и Општина Гази Баба, нашето училиште ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје го освои ПРВОТО МЕСТО во конкуренција на 12 училишта! 🥇
На натпреварувањето учествуваа ученици од четврто одделение, кои преку спорт, дружење и натпреварувачки дух ги покажаа своите способности.
👏 Им честитаме на нашите ученици за постигнатиот успех, вложениот труд и борбеноста, а посебна благодарност до наставниците за нивната посветеност и поддршка!
Горди сме на вас! Продолжуваме со нови спортски предизвици и успеси! ❤️

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.