Свежа и здрава храна за среќно детство

Во рамките на изборниот предмет „Готвење“, учениците од V-1 одделение учествуваа во практична и интересна активност – подготовка на свежа и здрава овошна салата.
Со многу ентузијазам, љубопитност и насмевки, учениците го подготвуваа свежото овошје, го сечеа и комбинираа во вкусна и шарена овошна салата.
Најголема радост беше заедничкото дегустирање на подготвената салата, во атмосфера исполнета со дружење, смеа и весело расположение.
🍓🍎 Здрава храна, здрави навики и насмеани детски лица – рецепт за среќно детство! 😊🌈

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.