23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е еден од најважните столбови на македонската државност. Овој датум го означува раѓањето на организираното националноослободително движење, кога македонските визионери ја презедоа судбината на својата татковина во сопствени раце.

На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина млади интелектуалци:

д-р Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – ги удрија темелите на Македонската револуционерна организација (МРО). Во време кога Македонија беше под Отоманската империја и загрозена од туѓи пропаганди, тие создадоа силно и единствено народно движење.

Главната цел на Организацијата беше извојување политичка автономија на Македонија преку револуционерна борба. Нивното главно начело беше дека ослободувањето на Македонија треба да биде дело на самите Македонци. Со ширењето на мрежата низ градовите и селата, Организацијата стана симбол на народниот непокор и заштитник на народот.

Идеалите на основачите од 1893 година го запалија пламенот за Илинденското востание во 1903 година, а подоцна беа остварени преку АСНОМ во 1944 година, кога се удрија темелите на современата македонска држава. Денес, овој државен празник нè потсетува дека слободата и суверенитетот се придобивки кои секоја генерација мора да ги почитува, чува и надградува.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ПРАЗНИКОТ!!!
НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ!!!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.