Мали истражувачи, големи откритија!

🔬 Благодарение на донацијата со која се збогати нашата училишна лабораторија, учениците од петто одделение денес имаа можност непосредно да истражуваат различни видови карпи и минерали. 🪨💎

Нивната љубопитност беше голема, поради што имаа низа прашања: Што е порозност? Што значи напластување? Дали магматските и вулканските карпи се различни? По кои својства можеме да ги препознаеме и разликуваме? 🤔🔍

Ги бележеа своите согледувања, со цел самостојно да ги идентификуваат карпите врз основа на нивните карактеристики. 📝

🌱 Токму така се развива научното размислување – преку љубопитност, поставување прашања, истражување и сопствени заклучоци! 👩‍🔬👨‍🔬

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.