Чекор поблиску до училиште за сите!
💙 Во насока на унапредување на инклузивната практика и создавање еднакви можности за сите ученици, денес во нашето училиште се реализираше стручна обука на тема „Работа со ученици со оштетен вид“, наменета за наставниците од предметна настава.
Обуката ја водеа Ирина Симоновска и Ангела Костова, специјални едукатори од Државното училиште за образование и рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.
Преку стручни совети, практични насоки и споделување професионални искуства, наставниците имаа можност да стекнат нови сознанија за потребите на учениците со оштетен вид, соодветна комуникација и приспособување на наставните методи и материјали.
Посебна благодарност до Ирина Симоновска и Ангела Костова за издвоеното време, стручноста, посветеноста и несебичното споделување на знаењето. Нивната поддршка е значаен придонес во нашите заложби за поквалитетно образование и подобри услови за секое дете.
✨ Продолжуваме да учиме, да се надградуваме и да градиме средина во која секое дете има свое место и можност за успех!













Поврзани содржини