Патронен празник – денови исполнети со знаење, творештво и гордост!

По повод патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“, оваа седмица нашето училиште живееше во знакот на ликот и делото на патронот, низ низа креативни, едукативни, еколошки и спортски активности. 🇲🇰
🎨 Низ ликовните творби, со реферати и поезија, со засадување цвеќе во училишниот двор, преку ученички презентации за животот и делото на Крсте Мисирков, спортски дух, натпреварувачка енергија и другарување изразивме почит кон нашиот патрон.
🎭 Круна на одбележувањето беше свечената приредба, на која учениците преку музика, танц, сценски настапи и уметнички изведби ги покажаа своите таленти и ја пренесоа пораката за љубовта кон јазикот, традицијата и татковината.
✨ Старото училиште ни ја остави традицијата. Новото училиште ни ја отвора иднината. А иднината е во рацете на нашите ученици.
❤️ Со гордост го носиме името на Крсте Мисирков и со секоја нова генерација ја продолжуваме приказната!
Среќен патронен празник, наше Крсте!🇲🇰

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.