Посета на Собранието на РС Македонија и спомен-куќа „Мајка Тереза

sobranie-majka-tereza-22-05-2025

Посета на Собранието на РС Македонија и спомен-куќа „Мајка Тереза

Учениците од четврто одделение заедно со своите одделенски наставници, имаа можност да ја посетат највисоката законодавна институција –
Собранието.
При посетата, беа пречекани од пратениците Жаклина Пешевска, Дијана Илиевска и Зоран Коцевски од општина Гази Баба, кои им посакаа добредојде, и им го покажаа просторот во кој се носат најважните одлуки во државата, им објаснија како работат пратениците, како се носат законите и зошто е важно секој глас да се слушне. Учениците имаа можност да поставуваат прашања, да се запознаат со начинот на донесување закони и да ја почувствуваат важноста на граѓанското учество во општеството.
Оваа посета беше вредно искуство, кое инспирираше љубопитност и интерес за демократијата и функционирањето на државните институции. Истиот ден учениците ја продолжија прошетката до спомен – куќа „Мајка Тереза“ во која имаа можност да се запознаат со животот и делото на Мајка Тереза.

logo km