Посета на Природнонаучен музеј - ООУ Крсте Мисирков
poseta-20-05-2025

Посета на Природнонаучен музеј

На 15. Мај учениците од осмо одделение беа во посета на Природонаучниот музеј.
Осмоодделенците имаа можност да ги разгледаат најстарите фосили ископани на територијата на Македонија, да се запознаат со разноликата и богата фауна и флора што ја нуди музејот и да научат нешто повеќе за ендемските претставници во нашата татковина.
На оваа авантура за стекнување нови знаења беа придружувани од предметните наставници по Биологија и Физика.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе