Заедно за повеќе разбирање, поддршка и инклузија!

📅 На 21 септември 2026 година, во просториите на Општина Гази Баба, се одржа работилница наменета за родители на деца со аутизам, на иницијатива на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Здружение на граѓани „Отворете ги прозорците“.
👨‍👩‍👧‍👦 На работилницата присуствуваа родители од нашето училиште, како и педагогот и психологот, кои имаа можност да се информираат, да споделат искуства, да разменат идеи и да се запознаат со можностите за дополнителна поддршка на децата.
💡 Посебно внимание беше посветено на асистивната технологија и алтернативната и аугментативна комуникација, како важни алатки за поддршка на децата и создавање еднакви можности за учење и развој.
❤️ Ваквите средби нè потсетуваат дека инклузијата започнува со разбирање, продолжува со поддршка и расте преку заедништво.
🙏 Благодарност до сите учесници за споделеното знаење, искуства и отвореност!
✨Заедно создаваме средина во која секое дете е прифатено, поддржано и вреднувано. 🤝

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.