На 14 и 15 јануари 2025 година, наставникот по информатика Маја Виденовиќ изврши дисеминација на стекнатите знаења од програмата за медиумска писменост: Fulbright Teaching Excellence and Achievement: Media Literacy на University of Wisconsin – Madison. Наставникот во текот на месеците септември и октомври 2024 година беше дел од Fulbright програмата, која има за цел унапредување на вештините за медиумска писменост и критичко размислување. За време на својот престој, Маја имаше можност да учествува во семинари на Универзитетот во Мадисон, да набљудува и предава во американско средно училишта, како и да соработува со колеги од целиот свет. Сите наставници во училиштето присуствуваа на оваа дисеминација каде што беше даден осврт на стратегии кои може да се искористат во наставата за развивање на медиумската писменост на учениците.
Дополнително, фокус беше ставен на важноста на вештачката интелигенција и различни алатки кои може да се искористат во едукацијата за медиумска писменост во училиштето. Наставниците исто така се запознаа и со американскиот образовен систем, како и начинот на реализација на наставата во училиштата.
Очекуваме во следниот период наставниците да почнат да ги применуваат стекнатите знаења, придонесувајќи за подигнување на свеста за важноста на критичкото размислување во дигиталната ера кај нашите ученици.