Учење базирано на игра и соученичко учење
Стекнување на долготрајни знаења од областа на сајбер безбедноста преку учење базирано на игра и соученичко учење
Горди сме што учениците од нашето училиште беа дел од активностите на истражувањето „Користење на соученичко учење и учење базирано на игра за стекнување на долготрајни знаења за сајбер безбедност во основно образование“, чии резултати се официјално публикувани во списанието IEEE Access. Во периодот кога се спроведувааше ова истражување, нашите ученици имаа можност да учат преку иновативен метод, комбинирајќи ги соученичкото учење и учењето базирано на игра. Овој пристап не само што ја зголеми заинтересираноста на учениците, туку овозможи и развивање на вештини за комуникација, соработка, дигитална писменост, критичко и креативно размислување и помогна учениците да се стекнат со практични знаења кои ќе им бидат корисни во дигиталниот свет.
Резултатите од истражувањето кои се публикувани покажувааа дека овој пристап може да доведе до стекнување на долготрајни знаења и вештини, кои се клучни за создавање на побезбедна дигитална иднина. Како училиште, секогаш се стремиме да воведуваме современи и иновативни пристапи во наставата, а ова искуство ни покажа дека сме на вистинскиот пат. Во рамки на проектот беа создадени и отворени едукативни ресурси, како презентации, работни листови и игри, кои и понатаму ќе се користат при едукација на учениците од областа на сајбер безбедноста.










Поврзани содржини