Добредојдовте во новата страница на ООУ „Крсте Мисирков“!

✨📚 Денес, ООУ „Крсте Мисирков“ отвора ново поглавје – нов дом во кој ќе растат детските соништа, ќе се раѓаат нови идеи и ќе се создаваат спомени што остануваат за цел живот. ✨📚
❤️Бидејќи, душата на училиштето се учениците – нивната љубопитност, смеа, прашања и соништа. Наставниците, кои неуморно и со љубов ги водат низ светот на знаењето и сите вработени кои со својот труд и посветеност го прават училиштето вистински дом. ❤️
✨Денес не отвораме само нова училишна зграда. Отвораме простор за детски насмевки, учителски зборови што се паметат цел живот и генерации што допрва ќе ја испишуваат својата приказна.
✨Зградите се градат со раце, но училиштата оживуваат со детски гласови, растат со знаење и се исполнуваат со љубов!
🤍🏫 Добредојдовте во новиот дом на ООУ „Крсте Мисирков“ – таму каде што секое дете е важна приказна, а секој нов ден е можност за големи нешта. 🤍🏫

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.