Едукативна работилница ,,Зборовите можат да охрабрат” - ООУ Крсте Мисирков
edukativna-rabotilnica-16-05-2025

Едукативна работилница ,,Зборовите можат да охрабрат”

На 14 Мај 2025 година во Општина Гази Баба се одржа едукативна работилница како дел од кампањата на Макпетрол „Крени глас против врсничко насилство“.
Водена од Сашко Коцев и психологот Деспина Стојановска, а со поддршка од Билјана Трајановска, директор во ООУ ,,Крсте Мисирков“ и Бетка Тодосовска, образовен асистент во ООУ ,,Крум Тошев“.
На работилницата присуствуваа директори, стручни соработници, наставници и родители.
Се разговараше за врсничкото насилство, пристапот кон него, чекорите што се преземаат за негово откривање и справување со него.
Работилницата во Општина Гази Баба е дел од општествено одговорната кампања на #Макпетрол.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе