Гази Баба во бои – 11 училишта, една заедничка уметничка приказна!

Ликовниот хепенинг обедини ученици од сите 11 основни училишта на Општина Гази Баба, кои заедно твореа во училишниот хол на ООУ „Крсте Мисирков“ по повод големиот јубилеј – 50 години од основањето на општината. 🎉
🎨 Училишниот хол пулсираше во знакот на уметноста, креативноста и заедништвото. Под мотивирачка атмосфера, младите уметници преку силата на боите и својата имагинација создадоа прекрасни дела инспирирани од развојот, традицијата и убавините на Гази Баба. 🖌️✨
🏫 Како домаќин, ООУ „Крсте Мисирков“ уште еднаш покажа извонредна организација, претворајќи го овој настан во незаборавно колоритно празнување и симбол на сплотеноста на сите млади таленти од општината. ❤️🌟

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.