Гласот на секое дете е важен! - ООУ Крсте Мисирков
Гласот на секое дете е важен 10-12-2025

Гласот на секое дете е важен!

Денес го одбележавме 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права преку креативни и едукативни активности кои поттикнуваат почит, еднаквост и солидарност меѓу учениците.
Нашите најмлади храбро дискутираа, создаваа постери, цртаа и учеа за основните човекови права – правото на слобода, образование, еднакви можности и достоинство за секој човек.
Преку заеднички активности, учениците испратија силна порака: „Сите сме различни, но сите имаме исти права!“.
Горди сме на нивната креативност, емпатија и желба да градат успешно и праведно општество.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе