obuka 21 01 2022 1 929

Интерна обука на наставниците

Со цел зајакнување на професионалните компетенции на наставниците во училиштето на 18.01.2022 година во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје се реализираше онлајн обука на тема „Планирање на професионалниот развој на наставниците“. Обуката ја реализираше наставникот ментор Маја Виденовиќ.

Со наставниците се дискутираше за потребата од професионален развој на наставниците, зајакнување на нивните компетенции како и за планирањето на нивниот професионален развој. Посебен акцент се стави на планирањето на личен план за професионален развој како резултат на самоевалуација на професионалните компетенции и изготвувањето на Личниот план за професионален развој на секој наставник.

На крајот беше даден краток осврт и на кариерниот развој на наставниците, а беше објаснет и начинот за напредување во звање наставник ментор и наставник советник.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе