Задоволство ни е да споделиме дека денеска во нашето училиште започна да работи новиот Ученик правобранител и неговите двајца заменици и дека беше конституиран составот на Ученичкиот парламент за учебната 2025/2026 година.
Како модел училиште, кое промовира демократска партиципација на учениците во училишниот живот, распишавме конкурс за избор на Ученик правобранител и негови заменици. Во силна конкуренција, од пријавените кандидати, комисијата ги избра следниве ученици со мандат од две години:
ТЕОДОНА СТРАТРОВА -УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ;
МАРКО СТОЈЕВ – ЗАМЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ;
АНА СТОЈАНОВСКА – ЗАМЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ.
Конститутивната седница на Ученичкиот парламент ја отвори директорката на училиштето, а со неа заседаваше најстариот член на Парламентот. На состанокот се спроведе гласање за избор на претседателство на Ученичкиот парламент, за учебната 2025/2026 година. Учениците со мнозинство гласови ја избраа АНТОНИЈА ПЕТКОВСКА за претседател на Ученичкиот парламент, а за заменик претседател АЊА ВЕЛИЧКОВСКА. За членови на претседателството беа избрани учениците: ЈОВАНА ТАСЕВА, ОМЕР СКОКО И ДАВУД МЕХОВИЌ.
Им честитаме на сите избрани претставници на учениците и им посакуваме успеси во промовирање на училиштето. Ја имаат целата наша поддршка!