Обука: Стандарди за интеркултурно образование - 24.09.2025

Обука: Стандарди за интеркултурно образование

Доживотното учење претставува стратегија за зајакнување на капацитетите на наставниците и нивните компетенции за реализација на ефикасни и ефективни наставни и воннаставни активности. Согласно планирањата во Годишната програма за работа на училиштето и искажаниот интерес на наставниците и стручните соработници, изминатите два дена (22 и 23 септември) во ООУ ,,Крсте Мисирков” – Скопје се реализираше Обука: Стандарди за интеркултурно образование. Целта на обуката беше запознавање со Стандардите за интеркултурно образование во основното образование и обезбедување поддршка при планирање и реализација на наставни и воннаставни активности кои ќе развиваат интеркултурни компетенции кај учениците. Обуката ја реализираше Анита Ангеловска, наставник по историја и граѓанско образование во нашето училиште.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.