Од семе до трпеза – храната е живот!
По повод 16 Октомври – Светскиот ден на храната, учениците од нашето училиште ја претворија својата креативност, знаење и труд во прекрасни изработки посветени на храната и нејзиниот пат од семето до нашата трпеза.
Преку 3Д-модели, макети и креативни прикази, учениците го истражуваа животниот циклус на растенијата, одгледувањето и преработката на храната, нејзината хранлива вредност и производите што ги добиваме од различни растителни суровини. 🍎🍓🍇🌾
Со оваа активност пренесуваме една важна порака, а таа е дека храната не започнува во продавницата туку таа започнува со семе, почва, вода, сонце, човечки труд и грижа. Затоа треба да научиме да ја цениме, правилно да ја користиме и да не ја фрламе.
👏 Посебна пофалба за нашите ученици кои покажаа дека науката, креативноста и еколошката свест можат прекрасно да се поврзат во една заедничка приказна.
💚 Да ја цениме храната. Да ја чуваме природата. Да градиме здрави навики.
Тим за грижа за здравје









Поврзани содржини