Одбележување на 22 Март – Светски ден на водите 24-03-2026

Одбележување на 22 Март – Светски ден на водите

По повод Светскиот ден на водите, учениците од 8 и 9 одделение го одбележаа овој значаен ден преку низа активности насочени кон подигнување на свеста за важноста на водата и нејзиното рационално користење.
Преку мини истражување тие ја анализираа потрошувачката на вода во училиштето, размислуваа за можностите за нејзино намалување и осмислија мала кампања за штедење на водата во училишната средина.
Своите идеи и предлози ги претставија преку кратка презентација, а изработија и училишен постер со пораки за одговорно користење на водата.
Со оваа активност учениците покажаа дека и малите промени во секојдневните навики можат да придонесат за заштита на овој драгоцен природен ресурс.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе