Одбележување на 26 Септември – Европскиот ден на јазиците

odbelezhuvanje-na-26-septemvri-evropskiot-den-na-jazicite-26-09-2025

Одбележување на 26 Септември – Европскиот ден на јазиците

По повод 26 Септември – Европскиот ден на јазиците, учениците од прво до деветто одделение во нашето училиште реализираа богата програма на активности со цел да ја истакнат важноста на јазичната разновидност и учењето странски јазици. Во одбележувањето на овој значаен ден активно се вклучија сите ученици преку разновидни креативни изрази: изработка на постери и знаменца, презентации, и интерактивни работилници на повеќе европски јазици.
Особено значајна улога имаше новинарската секција на училиштето, која ги следеше активностите и подготви репортажи, со што овозможи поширока промоција и забележување на настанот.
Овие активности придонесоа за збогатување на знаењата, развој на свеста за значењето на јазиците и поттикнаа интерес кај учениците за учење и почитување на различностите во Европа.

logo km