Одбележување на Светскиот ден на побезбеден интернет

kahoot 09 02 2024 1 c0c

Одбележување на Светскиот ден на побезбеден интернет

Учениците од ООУ “Крсте Мисирков* Скопје активно се вклучија во одбележување на Светскиот ден на побезбеден интернет, кој оваа година се одбележува на 6 февруари. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите.
Преку соученичко учење, отворени дискусии и учење базирано на игра учениците ги продлабочија своите знаења и вештини од областа на сајбер безбедноста. Учениците од IX одделение Ања Симоновска и Мила Петковска, во улога на наставници реализираа презентација и работилница со учениците од VI одделение. Тие поттикнаа отворени дискусии за тоа како треба да се однесуваме онлајн и како да се заштитиме од несакани активности. Потоа користејќи Kahoot квиз го тестираа знаењето на учениците за оваа тема, поттикнувајќи го натпреваруваќкиот дух и овозможувајќи учење на интересен и забавен начин.

logo km