Одбележување на Денот на побезбеден Интернет 2023 - 09.02.2023

Одбележување на Денот на побезбеден Интернет 2023

ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје се приклучи на иницијативата за одбележување на Денот на побезбеден Интернет. Учениците Теодора Стојчевска и Калина Ацевска од IX одделение преку презентација ги запознаа учениците со потребата од безбедно користење на Интернетот и внимавање на дигиталниот отпечаток кој се остава секогаш кога сме онлајн. Успешно поттикнаа дискусии со учениците и ги поттикнаа на размислување како се однесуваат кога се оналјн. Преку Kahoot квиз беше тестирано знаењето на учениците на оваа тема, што побуди огромен интерес, забава, но го поттикна и натпреварувачкиот дух кај учениците.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.