Одржан дебатен клуб

Во нашето училиште беше одржана дебата на тема: „Вештачката интелигенција – дел од училиштето или не?“ 🤖
Учениците ги соочија своите ставови и аргументи ЗА и ПРОТИВ примената на вештачката интелигенција во образованието, дискутирајќи за нејзините можности, предности, но и предизвици.
Преку аргументирана дискусија, поставување прашања и размена на мислења, учениците покажаа дека вештачката интелигенција отвора нови можности за учење, но истовремено бара критичко размислување, одговорност и правилна употреба.
Целта на дебатата беше да се поттикнат критичкото размислување, самостојното донесување заклучоци, културата на дијалог и почитувањето на различните мислења.
Технологијата може да ни помогне да учиме, но знаењето, креативноста и критичкото размислување остануваат наши!
👏 Браво за учениците за активното учество и успешно реализираната дебата!
#ДебатенКлуб #ВештачкаИнтелигенција #КритичкоРазмислување #ООУКрстеМисирков

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.