Патронен празник на ООУ „Крсте Мисирков“
На 19.11.2025 го одбележавме патрониот празник на нашето училиште. Под мотото „Чувајќи ги корените ја градиме иднината“, преку богата културно-уметничка програма, учениците ја изразија својата љубов кон традицијата, знаењето и заедништвото. Настанот го збогатија присутните гости кои со своето присуство ја споделија радоста на овој значаен ден за нашето училиште.
Со гордост го чуваме делото на патронот и заедно, со насмевки и ентузијазам, продолжуваме да ја градиме иднината на младите генерации со љубов, труд и посветеност.






Поврзани содржини