Прием на првачињата во детската организација

priem-na-prvachinja-13-10-2025

Прием на првачињата во детската организација

Во ООУ „Крсте Мисирков“ се одбележа Детската недела со свечен и радосен настан – Прием на првачињата во детската организација. Настанот претставуваше значаен момент за најмладите ученици, кои со насмевки и возбуда го направија својот прв чекор во училишното семејство.
Првачињата ја положија својата заклетва, симболизирајќи почеток на ново поглавје исполнето со учење, другарување и радост. Особено сме горди на сите ученици кои со својата енергија, идеи и насмевки придонесоа оваа недела да биде навистина посебна. Ви благодариме што не потсетивте колку е важно да се биде дете – искрено, радосно и безгрижно.
Исто така, огромна благодарност до наставниците кои со својата посветеност, љубов и креативност ја направија оваа недела уште поубава и значајна. Искрена благодарност упатуваме до нашите драги гости од градинката „25 Мај“ со нивната директорка, кои со своето присуство и учество ни го разубавија настанот.
Голема благодарност и до ученичката заедница, која со ентузијазам и креативност даде свој несебичен придонес во реализацијата на активностите. Вие сте пример за ангажираност и заедништво!
Нека гласот на децата секогаш биде слушнат, нивните права почитувани, а нивниот свет исполнет со љубов, разбирање и можности за среќно детство.

logo km