Работилници по хемија и биологија 04-10-2022 - слика 1

Работилници по хемија и биологија

Во месец септември се реализираа работилници со цел воведување во работни задачи кои бараат поголема самостојност, истрајност и доследност на ученичките обврски.

Работилниците се спроведуваа секој вторник пред или после часовите како воннаставни активности со ученици од 8 и 9 одделение.

Темите кои се обработуваа беа запознавање со лабораториски прибор, негова примена, правила на однесување во хемиската лабораторија, запознавање со лековитите својства на билките во Република Македонија, истражување на локалната средина и собирање на истите.

Интересот на учениците во овие работилници е на високо ниво.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе