Во периодот од 13.11.2023 до 17.11.2023 во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје се реализираше интернационалниот натпревр Дабар. Станува збор за натпревар кој се реализира во повеќе од 70 држави низ светот кој има за цел промоција на информатиката помеѓу учениците од основното образование. Задачите на овој натпревар имаат за цел да го развиваат алгоритамското размислување кај учениците и да поттикнуваат повисоки нивоа на размислување преку решавање на конкретни проблемски ситуации од секојдневниот живот. Повеќе од 100 ученици од училиштето учествуваа на овој натпревар.