Се движиме за здравје – го одбележавме Светскиот ден на мобилноста!
🏃♀️ Пешачењето, велосипедизмот и физичката активност се мали чекори кон поздрав и поактивен живот!
По повод Светскиот ден на мобилноста, во нашето училиште беа реализирани креативни активности преку кои учениците ја истакнаа важноста на движењето, здравите животни навики и безбедното учество во сообраќајот. 🌍
🎨 Со многу креативност, тимска работа и оригинални идеи, учениците изработија шарени транспаренти со пораки за пешачењето, велосипедизмот, физичката активност и одговорното однесување во сообраќајот.
📢 Изработените транспаренти беа изложени пред училишниот паркинг, испраќајќи јасни пораки за значењето на активниот начин на живот и грижата за сопственото здравје.
💚 Преку оваа активност, учениците покажаа дека секое движење е важно, секој чекор значи повеќе здравје, а безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас!
🌱 Да избереме движење, да живееме здраво и да се движиме безбедно! 🚶♂️🚲✨


















Поврзани содржини