sorabotka so insituciite 05 05 2023 1 2fa

Соработка со инситуциите

Нашето училиште беше дел од активност на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чија цел е промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието. Во таа насока, учениците од деветто одделение кои се на прагот на одлуката каде да го надоградуваат своето знаење а воедно негуваат љубов кон хемијата, денес беа во посета на Фармацевтскиот факултет во Скопје, веледрогеријата Еуро-фарм во Скопје и Алкалоид АД – Хемија и Козметика – Ѓорче Петров, Скопје. Учениците имаа можност одблизу да ги видат лабораториите во кои се вршат најразлични медицински испитувања, да се запознаат со начинот на функционирање на една лабораторија како и различниот лабораториски прибор и апарати. Преку прашања и дискусија научија многу работи од светот на фармакологијата,  ја проследија работата на студентите со хуман биолошки материјал, методи за екстракција и производство на билни масла каде посебен впечаток остави производството на маслото од канабис како дел од терапијата на заболените од канцер.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот 
ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе