hemija 14 10 2022 1 174

Стручно предавање по хемија

На ден 13.10.2022 година, во кабинетот по хемија се одржа предавање во рамките на Стручен актив, природно – математичка група. Тема на предавањето беше Хемија на природните масла и нивна сапунификација.  Во теоретскиот дел говоревме за хемијата на процесот, природните масла кои се користат и нивно добивање од лековити билки кои се  распространети во нашата земја. Се разработи секој дел од постапката и процесот:

– Што се сапуни
– Кој ја диктира сапунификацијата
– Како да направиме успешна формула за квалитетен сапун
– Што е Натриум хидроксид
– Во кој сооднос се јаката база и течноста
– Какви масла/масти користиме
– Потребно време од план до готов производ
– Потребна опрема за работа
– Испитување на pH на сапуни

Во практичниот дел направивме сапуни со одличен квалитет.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе