Во рамки на програмата на УСАИД „Сајбер патек и за жени“ на 06.02.2024 година беше организиран настан за одбележување на Денот на побезбеден интернет. Настанот опфати низа активности за сензибилизирање на учениците за потенцијалните опасности во интернет просторот. Преку интерактивна симулативна игра тие беа изложени на сајбер напад и на огромно задоволство успеаа многу вешто да се заштитат. Присутните ученици и наставници беа запознаени со резултатите од истражувањето спроведено од страна на програмата „Сајбер патек за жени“ за потребата од работна сила во областа на сајбер безбедноста.
Една од сесиите на овој настан беше: Запознај се со жена професионалец, каде учениците имаа можност да разговараат со жени експертки за сајбер безбедност од различни институции, да се запознаат со нивните кариерни патеки и со предизвиците во нивните професии. Претставува огромна чест што како експертки на овој настан учествуваа претставници од ООУ „Крсте Мисирков“: наставничката по информатика Маја Виденовиќ и ученичката Бисера Дрндар, кои на овој настан зборуваа за нивното искуство во едукацијата за сајбербезбедност и ги промовираа резултатите и активностите од училиштето пред учесниците.
Огромно беше изненадувањето што на оваа сесија присуствуваше амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која одвои време да поразговара со сите ученици и да ги охрабри во изборот на кариерните патеки во насока на сајбер безбедноста а особено да ги охрабри девојките да се трудат да работа на повисоки и поодговорни позиции.