kod 07 10 2022 1 436

Учество на настан за одбележување на Неделата на кодирање

Учениците Теодора Стојчевска и Ања Симоновска, заедно со наставникот по информатика Маја Виденовиќ, земаа активно учество во одбележување на 10-тиот роденден на Неделата на кодирање. Тие ги претставија активностите со кое училиштето се вклучува во оваа европска иницијатива која има за цел развивање на вештините за алгоритамско размислување и кодирање кај учениците. На тој начин беше извршена промоција на нашето училиште и нашата држава на европско ниво.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе