Зеленикс – од предизвик до иновација
Со огромна радост споделуваме дека нашето училиште освои НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ТИМ на настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација“!
Нашите ученици од 8-мо и 9-то одделение достојно го претставија училиштето, покажувајќи креативност, тимска работа и иновативно размислување во решавање на еколошки предизвици.
Горди сме на нивниот успех, како и на посветеноста на нивната менторка Сашка Крстевски, која ги водеше низ целиот процес.
Посебна благодарност упатуваме до нашата директорка и стручната служба за нивната континуирана поддршка и доверба.
Настанот беше поддржан и од министерката Весна Јаневска, што дополнително ја истакнува важноста на младинската креативност и иновации.
Оваа награда е доказ дека кога учениците имаат поддршка и мотивација, можат да создадат вистински промени!
Продолжуваме уште посилно, со нови идеи и уште поголема желба за успех!









Поврзани содржини