Посета на Миколошката лабораторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје со учениците од VIII одделение.
Во рамките на посетата, учениците се запознаа со разновидниот свет на габите – нивната форма, боја, улога во природата и значењето за екосистемот. Со големо внимание и љубопитност ги разгледуваа примероците на различни видови габи како Clavaria viscosa, Psilocybe cyanescens, Mycena polycephala, Agaricus sp., Neoboletus erythropus и други, кои беа дел од збирката и од теренските истражувања во регионот на Бистра – Волковија.
Учениците имаа можност и сами да подготвуваат примероци, да работат со микроскопи и да се запознаат со процесот на научно етикетирање и класификација на габите – вистинско практично доживување на биологијата во акција!
Голема благодарност до асистент Славица Тофиловска за топлиот прием, несебичното споделување на знаењето и постојаната подготвеност за соработка со нашето училиште. Нејзината посветеност и отвореност се вистинска инспирација и поттик за идните млади истражувачи!