Учество на завршен настан на SHIELD проект

shield-23-08-2025

Учество на завршен настан на SHIELD проект

Директорката Билјана Трајановска и наставниците Анета Чаковска и Маја Виденовиќ од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје учествуваа на завршниот настан на SHIELD проектот (SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност), имплементиран од Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед.
Во рамките на овој проект беше развиена и применета нова методологија за едукација за сајбер безбедност, која комбинира дигиталното раскажување приказни, алатки базирани на вештачка интелигенција и учење базирано на игра, со цел подобрување на знаењата и вештините за сајбер безбедност кај учениците и наставниците. Наставниците и учениците од нашето училиште земаа активно учество во овој проект.
На настанот беа презентирани:
– Креативни игровни активности креирани и имплементирани од наставници
– Отворени образовни ресурси за безбедно и современо образование
– Идеи и добри практики за иновативна едукација за сајбер безбедност
Настанот беше одлична можност да се покаже дека учењето за сајбер безбедност може да биде забавно, интерактивно и ефективно и беа разменети искуства и идеи со заедницата на наставници кои споделуваат иста визија за иновативно образование.

logo km